Американската актерка Ен Хатавеј (36) доби ѕвезда на Булеварот на славните во Лос Анџелес.

– Пресреќна сум – рекла Хатавеј, која е добитничка на Оскар за споредна женска улога во филмот „Клетници“.

Таа им се заблагодари на фановите, како и на луѓето кои со децении се во нејзиниот живот.

На настанот, со Хатавеј биле нејзините родители, сопругот и актерката Ребел Вилсон, со која заедно глуми во најновиот филм „Метежот“, кој премиерно ќе биде прикажан денеска во САД.