Спроведеното истражување анализирано од универзитетот „Стенфорд“ покажало дека меѓу 1995 и 2017 година бројот на хетеросексуалци што го запознале својот партнер на интернет се зголемил нагло од 2 на 39 отсто

Во денешно време, оние што сакаат да се запознаат и состанат со некого, обично ги преземаат работите во свои раце. Навидум, тоа важи за оние што не се задоволни од потенцијалните партнери, кои животот им ги нуди на работа, на училиште и во нивниот круг на пријатели, што значи дека сè поголем е бројот на хетеросексуалци што се одлучуваат да го сретнат својот партнер преку интернет.

Спроведеното истражување анализирано од универзитетот „Стенфорд“ покажало дека меѓу 1995 и 2017 година бројот на хетеросексуалци што го запознале својот партнер на интернет се зголемил нагло од 2 на 39 отсто. Со помош на апликациите за состанување, како што се Тиндер и еХармони, но исто така и преку социјалните мрежи, како Фејсбук, луѓето може да се сретнат со своите стари пријатели и познаници (8 проценти од двојките што се запознале преку интернет), биле запознаени преку некого (11 проценти) или во мнозинството случаи – сретнале некој сосема нов (81 процент).

Авторите на истражувањето заклучиле дека главната причина за барање тотален странец преку интернет е тоа што изборот е многу поголем, што е особено корисно ако барате нешто необично или е тешко да се пронајде. Запознавањето, пак, на вашиот партнер во некој бар или ресторан било во пораст помеѓу 1995 и 2017 година.
Истражувачите од „Стенфорд“ ги исклучиле хомосексуалците од својата анализа, затоа што тие ја претставуваат сексуалната ориентација на малцинството, правејќи ја средбата со некого на интернет поочигледен избор за нив отколку за хетеросексуалците.