Писателот и режисер Мет Ривс, заедно со неговата актерска екипа и тим, успеа да сними само 25 проценти од претстојниот „Бетмен“, во кој глуми Роберт Патинсон, пред да се воведе задолжителниот карантин и продукцијата беше принудена да запре.
– Љубителите треба да знаат дека овој „Бетмен“ ќе биде потемен од претходните инкарнации на Готам – открива Серкис, кој инаку соработуваше со режисерот Ривс и во филмовите „Планета на мајмуните: револуција“ и „Војна за планетата на мајмуните“.

Снимањето на филмот „Бетмен“ беше во тек во Лондон кога производството запре во април. Дистрибутерот „Варнер брос“ неодамна го смени датумот на објавување на филмот од 1 октомври 2021 година на 25 јуни 2021 година.
– Буквално бев на половина снимање на мојот дел кога мораше сѐ да се затвори – вели Серкис.
На прашањето дали „Бетмен“ ќе биде „потемен“, Серкис открива дека тоа не е далеку од вистината, но додава и дека Ривс и косценаристот Матсон Томлин експериментираат со нов емотивен центар во филмот.

– Се работи за емотивната врска помеѓу Алфред и Брус. Тоа се наоѓа во срцевината. Мет напиша навистина извонредно сценарио – вели Серкис.
Остатокот од актерската екипа ги вклучува Зое Кравиц како Селина Кајл, Пол Дано како Ридлер, Џефри Врајт како комесар Гордон, Џон Туртуро како Кармин Фалкон и Колин Фарел како Пингвин.