Емилија Кларк, ѕвездата на серијата „Игра на тронови“, во ноември ќе ја гледаме во романтичната комедија „Последен божиќ“.
Филмот ќе има сѐ што сме навикнале да видиме во романтичните комедии: извонредни глумци, одлична приказна и добра музика.

Филмот не го носи случајно името на големиот хит на Џорџ Мајкл, „Last Christmas“, бидејќи авторите беа инспирирани од неговата музика.
„Последен Божиќ“ го режираше Пол Феиг, а сценариото го напишаа Ема Томпсон и Грег Вајс.

Кејт, која ја глуми Емилија Кларк, настојува да се пробие како пејачка, по успешната трансплантација на срце, но поради сѐ низ што поминала, таа нема премногу волја за живот. Работејќи како вила во една продавница за божиќни подароци, налетува на Том (Хенри Голдинг) и во тој миг сѐ се менува. Со негова помош Кејт, повторно ќе го засака животот….

Интересно е дека мајката на Кејт ја глуми Ема Томпсон. Премиерата е закажана за 8 ноември, а судејќи според трејлерот нѐ очекува многу љубов и многу хумор.