Британската актерка Ема Томпсон упати критики за јазот во возраста на партнерите во филмовите на Холивуд, посебно кога станува збор за повозрасните машки актери со помлади жени актерки.

За време на разговорот на подкастот „КултурБласт“, актерката Ема Томпсон ја критикува културата постари машки актери да се спојуваат на екраните со жени што се речиси двојно помлади од нив.

– Сосема е прифатливо за Џорџ Клуни, кој е прекрасен, да е со некој што е 40 години или 30 години помлад од него. Ако треба по тој терк на мене да ми најдат парнер за романтичен филм, ќе треба да ексхумираат некого, затоа што сега имам 61 година. Сфаќате на што мислам? Тоа е целосно и потполно неизбалансирано – вели таа.

Томпсон прашува зошто толку ретко може да се види постари жени да имаат сексуални односи со помлади мажи во филмовите.

Ема треба да глуми во новиот филм „Со среќа Лео Гранде“, во улога на учителка вдовица, која ангажира млад машки сексуален работник да спие со неа.

„Многу е интересна улогата на жента во овој филм во кој млад човек и вели: „Вие сте совршено привлечни, зошто не можете да најдете друг партнер?“ А таа одговара: „Затоа што единствените луѓе што сакаат да бидат со мене се луѓе на моја возраст, а јас сакам да бидам со некој помлад од мене“.