Ема Стон ќе ја игра злобната Круела де Вил во новиот филм на продукцијата „Дизни“, трета верзија на популарниот „101 далматинец“, чиј наслов е „Круела“.

Оскаровката ќе биде помлад крадец на кучиња далматинци, овој пат во панкрок-издание, какво што немавме можност да видиме ниту во оригиналниот филм на „Дизни“, од 1961 година, кога Круела ја играше Бети Лоу Герсон, ниту во римејкот од 1996, кога Глен Клоуз извонредно ја долови негативката.

Дејството е сместено во 1980-тите години, а освен Стон глумат и: Пол Волтер Хаусер, Џоел Фрај. Филмот е приказна за жена опседната со бунди, додека во претходните две остварувања, таа е разгалена богаташка, чија животна мисија е да краде кутренца од расата далматинец и од нив да прави бунди.

На првата фотографија што се појави деновиве Ема е облечена во црна кожа, наместо во крзно, што малку ги збуни обожавателите на дизниевиот класик. Подоцна Стон појасни дека филмот е работен во духот на 1980-тите, кога во Лондон владеела панкрок-сцената.

„Круела“ стигнува во кината на 28 мај 2021 година.