Жолтеникава течност пронајдена во кинеска гробница се верува дека е „еликсир на бесмртноста“. Пиејќи ја оваа течност, благородниците мислеле дека ќе ги направи бесмртни, а била пронајдена во близина на Луојанг минатионт октомври, пренесува „Њујорк пост“.

Археолозите првин претпоставувале дека течноста стара две илјади години е вино од ориз. Но, резултатите од лабораториското испитување покажале дека станува збор за калиум нитрат и алунит – состојки кои се верувало дека даваат вечен живот.