Статиста

Како најлоша година во историјата на туризмот, 2021 година имаше бавен старт, затоа што патувањата повторно беа намалени со новата појава на зарази на ковид-19. Според Светската организација на туризам на Обединетите нации (УНВТО), меѓународните туристички пристигнувања беа намалени за 83 отсто во првиот квартал од годинава во споредба со истиот период лани. По проценетите загуби од 1,3 илјада милијарди долари во извозните приходи лани, патните рестрикции во голема мера важеа речиси насекаде во првите неколку месеци од 2021 година, додека владите очајно се бореа да го спречат ширењето на новите и потенцијално поопасни видови на коронавирусот.
Иако кратката обнова на патувањата лани во летните месеци ги подгреа надежите за брзо заживување на туристичкиот сектор, сепак, надежите се срушија со есенскиот и зимскиот бран. По шест месеци во 2021 година, со добриот тек на вакцинациските кампањи и драстично намалениот број на заразени во многу земји, полека почнува да се враќа оптимизмот со тоа што туристичката индустрија се фокусира на новата летна сезона. Според едно скорашно истражување на УНВТО, експертите сепак се внимателни во нивните прогнози и не очекуваат враќање на претпандемиските нивоа до 2023 година. Од сите испитани експерти, 16 отсто од нив очекуваат значајно враќање на туризмот во третиот квартал од годинава, 22 отсто сметаат дека закрепнувањето ќе се случи во четвртиот квартал, додека 60 отсто не очекуваат значајна обнова пред 2022 година.