Фото: Фејсбук

Екипата на „Медена земја“, продефилира на црвениот тепих пред театарот „Долби“ во Лос Анџелес, во пресрет на церемонијата на доделувањето на „оскарите“.

Фотографии и видео-снимка од црвениот тепих се објавени и на инстаграм-профилот на Младинскиот културен центар.

„Медена земја“ е во конкуренција за „оскар“ во две категории – за најдобар документарец и за најдобар интернационален филм.