Нега и убавина

Ако сакате косата да ви биде здрава и сјајна, потребно е да примените еден едноставен трик при нејзиното миење.
Моник Мекдаун Рапие на својот профил на социјалната мрежа Тикток дели совети за нега на косата. Еден што неодамна го објави освои голем број лајкови и многу брзо стана вирален.
– При миењето на косата, прво ставете регенератор, па дури потоа шампон. Притоа ставете го регенераторот на горната половина, па по плакнењето ставете и на долната половина на косата – нагласува Моник.
Според нејзиното објаснување, ако регенераторот го ставите на темето, косата ќе почне да се мрси и ќе се појави првут. Тоа пак ќе предизвика косата да нема волумен.
– Доколку на овој начин ја миете косата, таа ќе остане хидрирана и мека – вели таа.