Речиси една петтина од вкупното количество храна произведена во светот завршува во ѓубре, се вели во извештајот на Програмата за животна средина на Обединетите нации (УНЕП).
Во извештајот се наведува дека најголемиот дел од храната што на крајот се фрла, околу 61 процент, всушност се произведува во домаќинствата.
Глобалниот индекс на отпад од храна покажува дека 17 проценти од храната, што изнесува околу 931 милион тони храна произведена во текот на 2019 година, завршиле во канти за отпадоци. Оваа неверојатна бројка не ја вклучува храната што се фрла за време на производството или за време на складирањето, како и онаа што никогаш не стигнала до потрошувачите.
Извршниот директор на УНЕП, Ингер Андерсон, вели дека намалувањето на отпадот од храна ќе ги намали емисиите на стакленички гасови, ќе го забави уништувањето на природата, ќе ја зголеми достапноста на храната и ќе заштеди пари во време на глобална рецесија.
УНЕП соопшти дека гладот погодил 690 милиони луѓе во 2019 година и дека три милијарди луѓе не можат да си дозволат здрава исхрана. Меѓутоа, исто така било откриено дека речиси во сите земји што мереле отпад од храна, износот бил значителен, без оглед на приходот. Се заклучило дека најмногу храна се фрла од домаќинствата, околу 11 проценти.