Некогашниот шеф на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, реши да сподели за што најмногу се кае кога станува збор за управувањето на оваа компанија. А тоа е неуспашното обидување да го направи Виндоус мобајл она што денес е Андроид. Иако оваа грешка во голема мера му се припишува на Стив Балмер, кој беше извршен директор на компанијата во периодот од 2000 до 2014 година, Гејтс на себе ја префрла вината во делегирањето. Како доминантна софтверска сила на десктоп-машината, амбицијата за постигнување ист успех и на мобилните телефони е сосема оправдана и очекувана. Но како што се покажа на дело, времето и пазарниот радар на „Мајкрософт“ не одеа рака под рака. Оперативниот систем на Гугл заврши во 2008 година, една година по првиот Ајфон. Виндоус мобајл тогаш сè уште бил фокусиран на тастатурата и пенкалото.

И кога во 2010 година компанијата го изложи својот Виндоус фоун 7 пред конкуренцијата, веќе беше доцна. Само еден оперативен систем можеше да стане стандардизирана алтернатива на Иос, односно мобилниот оперативен систем креиран од Епл. Долгогодишната борба конечно е завршена кон крајот на оваа година, кога компанијата ја укинува поддршката за Виндоус 10 мобајл.

Компанијата преживеа, но остана без околу 400 милијарди долари, како што оценил Гејтс.