Сигурно е дека начинот на размислување на богатиот човек е различен од оној на кој било друг што не е богат. Ако е потребна само стратегија за создавање богатство, тогаш зошто сите не се богати?
Сепак, постои вистина во фактот дека можете да го привлечете она што го посакувате. Важно е да размислувате на вистинскиот начин. Размислувајте на начинот на кој размислуваат богатите, пренесува порталот „Бизлајф“.
Како да се збогатите и да го зголемите количеството пари што го поседувате – има многу повеќе врска со психологијата и размислувањето отколку што мислите. За тоа пишувал Наполеон Хил во својата најдобра книга „Мисли и збогати се“ уште во 1937 година. Тој во својата истражувачка работа проучувал повеќе од 500 милионери.
Вака размислуваат богатите, а тоа може да се примени и денес:

„Богатите луѓе веруваат дека сиромаштијата е корен на секое зло,
… додека просечната личност смета дека парите се корен на секое зло.“

„Богатите луѓе мислат дека себичноста е доблест,
… додека просечната личност смета дека себичноста е порок.“

„Богатите имаат акционен менталитет,
… додека просечните луѓе имаат лотариски менталитет.“

„Богатите луѓе веруваат во стекнување специфично знаење,
… додека просечните мислат дека патот до богатството е поплочен со формално образование.“

„Богатите луѓе сонуваат за иднината,
… додека просечните луѓе копнеат по старите добри денови.“

„Богатите луѓе логички размислуваат за парите,
… додека просечните луѓе гледаат на парите низ очите на емоциите.“

„Богатите луѓе ја следат својата страст,
… додека просечните луѓе заработуваат, работејќи работи што не ги сакаат.“

„Богатите луѓе се подготвени за предизвик,
… додека просечните луѓе имаат ниски очекувања, за никогаш да не бидат разочарани.“

„Богатите луѓе користат пари на други луѓе,
… додека просечните луѓе веруваат дека се потребни пари за да остварат заработка.“

„Богатите луѓе знаат дека пазарот е воден од емоции и алчност,
… додека просечните луѓе веруваат дека сè е во логиката и стратегијата.“

„Богатите луѓе ги учат своите деца како да се збогатат,
… додека просечните луѓе ги учат своите деца како да преживеат.“