Нуркач од Египет останал под вода цели шест дена или 145 часа и 30 минути, со што го соборил светскиот рекорд за време поминато под вода, пренесува „Инсајдер“.

Дваесет и деветгодишниот Садам ал Килани останал во Црвеното Море 145 часа и 30 минути и го соборил преходниот светскиот рекорд на турскиот нуркач Џем Карабај од 2016 година од 142 часа и 48 минути.

Цели пет години Ал Килани тренирал и имал намера да остане под вода 150 часа. Ал Килани не успеал бидејќи медицинскиот тим бил загрижен за неговата здравствена состојба.

Според „Вашингтон Пост“ ова е втор светски рекорд за неколку дена, откако Аленка Артник триесет и девегодишна нуркачка од Словенија го постигнала за нуркање на длабочина, достигнувајќи до 114 метри под површината на морето за 3 минути и 41 секунда, во Шарм ел Шеик во Египет.