Новогодишните и божиќните празници се уште поубави под снежна покривка. Тогаш сѐ изгледа помагично и испраќа вистински зимски вибрации, кои внесуваат дополнителен празничен дух во овој период од годината.
Платформата за изнајмување на сместувања за одмор Холиду, заедно со сајтот за временска прогноза Ентеролајн, направи листа на европски градови во кои празниците најверојатно ќе ги дочекате со снег.
Следните десет европски града е подобро да ги посетите во зима отколку налето: Талин (Естонија), Вилнус (Литванија), Каунас (Литванија), Ерфурт (Германија), Турку (Германија), Хелсинки (Финска), Киев (Украина), Рига (Летонија), Инсбрук (Австрија) и Гренобл (Франција).