Презентерот на Би-би-си, Грејм Нортон, пренесе одлична вест за љубителите на изборот на „Песна на Евровизија“, а тоа е дека натпреварот ќе продолжи во 2021 година и покрај пандемијата на коронавирусот.
– Дефинитивно ќе има „Евровизија“, натпреварувањето ќе се случи – рече Нортон, кој го покрива настанот за британскиот јавен сервис.
Организаторите на натпреварот потврдија дека „Евровизија“ дефинитивно ќе се одржи оваа година. Ќе може да се користат претходно снимени изведби ако изведувачите не можат да патуваат до Ротердам или ако мора да се изолираат по нивното пристигнување таму.
Минатогодишниот натпревар, кој требаше да се одржи во Ротердам, Холандија, беше откажан поради пандемијата и беше заменет со специјална програма со осврт на историјата на настанот, вклучувајќи и гласање за најдобрата евровизиска песна на сите времиња.
– Aко некои уметници не се во можност да допатуваат во Холандија во 2021 година, може да ја зумираат изведбата. Се сомневам дека ќе бидеме на стадион полн со 20.000 луѓe – изјави Нортон за американското радио „Сириус икс-ем“.
Македонскиот носител на лиценцата за овој избор, МТВ, сѐ уште не се изјаснил кој ќе нѐ претставува годинава во Ротердам.