Агенцијата „Ројтерс“ направи избор на слики што ја одбележаа 2021 година, што изминува, а на една од нив е нашиот евровизиски претставник.

Фотографијата ја направила Пирошка ван де Воув е снимена е на 18 мај на првото евровизиско полуфинале во Ротердам, Холандија, каде нашиот претставник настапи шести по ред и ја отпеа песната „Here I Stand“.

– Посебно ми е драго што е избран моментот од мојот сценски настап да биде овековечен и избран за една од најмоќните фотогграфии што ја одбележаа 2021 година. За миг ми се врати чувството на сцена, аплаузот од публиката, целата атмосфера. Особено ми е драго што името на мојата земја е под фотографијата. И покрај се што се случи, оваа година ми приреди и многу убави изненадувања, а се надевам дека 2022 ќе биде уште посветла за сите нас – рече Васил Гарванлиев.

Тој сега е во Чикаго, САД, каде што веќе имал настапи и работи на неколку проекти.

М.Т.