Актерката Ева Мендез не е појавена на големото платно од 2014 година, кога глумеше во филмот „Изгубената река“, режисерско деби на нејзиниот партнер Рајан Гослинг. Но неодамна навести дека е подготвена да врати во актерството.
Во изминатите шест години таа му се посвети на воспитувањето на своите деца.
– Мојата амбиција не исчезна, туку само се пренасочи кон моите деца. Едното има четири години, а другото шест години, па почнувам да чувствувам дека сум подготвена да ѝ се вратам на мојата актерска кариера. Меѓутоа, списокот на работи што би ги работела е сѐ пократок. Не сакам да глумам ништо насилно, не сакам да правам ништо ризично – вели Мендез и заклучува дека единствено ѝ останува да глуми во Дизниевите филмови.