Женскиот музички состав „Д чикс“, кој го сочинуваат Наталија Мејанџиева, Сандра Јорданова, Моника Ѓорѓиева, го промовира својот прв видеозапис.

Спотот е направен за песната „Ах, тие очи“. Текстот за песната е авторство на трите девојки, а музиката и аранжманот се на Сашко Костов. Аудиопродукцијата е потпишана од Дино Зуќиќ, во студиото „Динос хоум студио“, а видеопродукцијата е на Иво Иванов, „Фото-видео студио пента“. Спотот, кој изобилува со импресивни летни пејзажи, е сниман на локација на Велес и околината. „Д чикс“ е млад музички состав од Велес, со доминантна женска енергија, што внесува освежување на македонската музичка сцена. Спотот е снимен со помош од „Витаминка“.