Пејачот Д Викенд пишува сценарио за Ејч-би-о за нова серија, во која ќе се појави и како актер. Моментно насловена „Идол“, серијата следи поп-пејачка што започнува романса со енигматичниот сопственик на еден клуб од Лос Анџелес, кој е водач на таен култ.
Д Викенд, чие вистинско име е Абел Тесфаје, ќе работи како косценарист и извршен продуцент, заедно со Реза Фахим и Сем Левинсон, а сите тројца се заслужни за креирање на серијата. Џозеф Епштајн исто така ќе пишува и ќе работи како извршен продуцент. Мери Лоус ќе пишува и ќе копродуцира.
Ова нема да биде првпат Д Викенд да пишува за телевизија. Тој беше сценарист и глумеше во една епизода од култната анимирана серија „Американски татко“ на ТБС во 2020 година. Тој исто така глумеше во реномираниот филм „Необработени дијаманти“ заедно со Адам Сендлер.
Тој првенствено е познат по многу музички достигнувања, вклучувајќи го неодамнешното издавање на албумот „After Hours“ и настапот на полувремето на Суперболот. Албумот акумулира седум милијарди глобални прегледи со аудио и видео, а половина од тоа го постигна хит-синглот „Blinding Lights“.
Левинсон претходно ја создаде хит-серијата „Еуфорија“, чија премиера беше во 2019 година, на Ејч-би-о. Серијата доби повеќе номинации за „еми“ за својата прва сезона, а ѕвездата на серијата Зендаја ја освои наградата за најдобра актерка во драмската серија. Втората сезона е на пат, со две едночасовни специјални епизоди, кои треба да пристигнат во декември и јануари.