Услугата „Флај радар“ постои веќе 14 години, а на неа може да се следи ситуацијата на небото секој ден, во реално време, во живо, низ целиот свет. Со оглед на тоа што летовите се редуцирани годинава, рекордот го држи сѐ уште 2019 година. Таа ги брои летовите на небото во еден ден и информира дека на 25 јули 2019 година е забележан најголем метеж на небото, кога од аеродромите во светот полетале 230.409 авиони.
Платформата ја следи ситуацијата во живо на небото и дава информации за бројот на летови. Покрај следењето, оваа услуга се занимава и со статистика, така што редовно објавува броеви, од кои најинтересните се секогаш најголемите записи.
Претходниот рекорд, кога станува збор за најпрометните денови, беше на 29 јуни 2018 година, кога полетаа дури 202.157 комерцијални летови, што наедно беше првпат „Флај радар“ да забележи повеќе од 200.000 лета за еден ден. Тој ден е направен најголемиот метеж на небото, со повеќе од 19 илјади авиони! Бидејќи воздушниот сообраќај постојано се зголемува, во текот на 2019 година овој рекорд е соборен.
– Во текот на 2019 година, оваа услуга е следена во просек од 188.901 на ден, што е повеќе отколку во сите претходни години од постоењето на оваа услуга, а новиот најголем број летови за еден ден се случи на 25 јули, кога од аеродромите низ светот полетаа 230.409 авиони – информираат од „Флај радар“.