Војните, револуциите и паднати империи ја трансформирале светската мапа во 20 век каде се среќаваат повеќе главни градови во една држава.

Само околу 40 држави имаа главни градови во 1900 година, пишува професорот Дејвид Гордон во воведот за книгата „Планирање на престолнини во дваесеттиот век“.

До 2000 година, тој број ќе се искачи на повеќе од 200, бидејќи нови земји се појавија по распаѓањето на британските и француските империи, Советскиот сојуз и Југославија.

Повеќето земји избраа еден град како главен.

– Тоа обично е место каде политичарите се собираат да донесат закони, каде што генерално се наоѓа централниот административен апарат на земјата – вели Гордон, професор по урбанистичко планирање на Универзитетот Квин во Кингстон, Онтарио.

Но, некои земји едноставно одлучиле дека кога станува збор за главните градови, подобро е да имаат повеќе. Од бреговите на Бенин до Кралството Е Сватини, има држави низ целиот свет со два или повеќе главни града.

Нивните причини се разликуваат. Кога земјите се формираат од различни региони, како во случајот на Соединетите држави или Јужна Африка, Гордон забележува дека регионалната конкуренција за моќ може да биде фактор.

– Никој од нив не сака нивниот ривал да ја искористи предноста да биде седиште на владата. Има многу сложена политика вклучена во тие работи – вели Гордон. 

Соединетите држави го решија тој конфликт со основањето на Вашингтон Ди Си, на релативно неразвиено подрачје на реката Потомак. Спротивно на тоа, Јужна Африка се определи за распределување на националната власт помеѓу градовите Кејп Таун, Преторија и Блоемфонтеин.

Во 1973 година, Танзанија прогласи основање на нов главен град во Додома, стотици милји на копно од главниот град Дар ес Салаам од време на колонијализмот.

– Империите имаа централни административни места за секоја колонија, кои обично биле на брегот, за да имаа добар пристап до морски пат кој води до главниот град на империјата. Тренд во деколонизирање на државите е да се пресели главниот град во центалниот дел на државата за да биде подостапен за сите граѓани – вели Гордон.

Но, културното наследство на историските престолнини е тешко да се надмине. Дар ес Салаам сè уште е седиште на многу владини функции и дури 2019 година претседателот на Танзанија ја пресели својата канцеларија во „новата“ престолнина Додома.

Танзанија не е единствената земја каде лидерите одлучуваат кој да биде главен град.

– На Канада и беа потребни години и години да се одлучи за Отава. Главниот град се менуваше на секои две години, бидејќи Федерацијата не можеше да се договори – вели Гордон. 

Еве неколку држави кои имаат два, дури и три главни града.

Бенин: Портоново и Котоноу
Боливија: Ла Паз и Сукре
Чиле: Сантијаго и Валпараисо
Брегот на Слоновата Коска: Јамусукро и Абиџан
Чешка: Прага и Брно
Кралство Е Сватини: Мбабане и Лобамба
Малезија: Куала Лумпур и Путрајаџа
Црна Гора: Подгорица и Цетиње
Холандија: Амстердам и Хаг
Јужна Африка: Преторија, Кејп Таун и Блоемфонтејн
Шри Ланка: Коломбо и Шри Јаиварнепура Коте
Танзанија: Дар ес Салаам и Додома