Ако некогаш одлучите да го посетите Амстердам и да запловите по градските канали, задолжително свратете во малата пицерија „Сан Марко“, закответе се и порачајте си пијалак и неколку вкусни јадења. Необичниот ресторан се наоѓа блиску до центарот, а до него може да се стигне само по воден пат. Цените се прифатливи, а се нудат: сокови, пиво, вино, се разбира пица, тестенини, салати и други лесни јадења.
Судејќи според рецензиите на „Веб адвајзер“, овој угостителски објект досега одушевил огромен број посетители. Освен што храната може да се консумира на бротчињата, достапна е и опција за достава во сите делови на Амстердам.
Па затоа ако патот ве донесе до Амстердам, изнајмете брод, нарачајте пијалак и храна и уживајте во убавата глетка.