Ефикасен начин за чистење прозорци

Софи Хинчлиф, позната и како госпоѓица Хинч, направи име за себе објавувајќи на социјалните мрежи совети и практични трикови за чистење и одржување на домаќинството. Неодамна на нејзината страница на Фејсбук, една обожавателка го објави својот трик за тоа како со минимален труд да ги исчистите прозорците за тие да заблескаат. Според нејзиниот совет, потребни ви се само две работи што сигурно веќе ги имате во домот.

Треба да се избегнува прскање на прозорците со средства за чистење. Наместо тоа, во топла вода измешајте средство за чистење прозорци со малку омекнувач за алишта, а откако ќе ги исчистите прозорците, избришете со мека крпа од микрофибер, пишува „Мирор“.

Потоа, извадете го вишокот вода со четка за чистење прозорци и, според нејзиното искуство, тие ќе бидат совршено чисти.
Со истото средство можете да ја измиете и нечистотијата што се собира на рамката на прозорецот. Иако и самата, како што вели, била скептична кога слушнала дека за прозорци се користи омекнувач за алишта, трикот е ефикасен и им го препорачува на сите. Таа исто така објасни дека омекнувачот за алишта не само што совршено ги отстранува сите дамки туку и по чистењето во просторијата останува свежиот мирис.