Пивото совршено ги отстранува дамките од облеката

Пролетта е вистинското време за уредување и бојадисување на просторот за живеење. Но малкумина се оние што во контакт со боја и четки минуваат без дамки на облеката, кои многу тешко се отстрануваат. Сепак, работата може да биде многу полесна ако за дамките го користите омилениот пијалак за многумина – пивото! Ако не сте сигурни како ќе реагира материјалот во контакт со пиво, прво пробајте го на мал дел од гардеробата.

Експертите велат дека е најдобро прво да се остави бојата да се исуши на ткаенината, па добро да се истрие. На дамката ставете малку сапун, а потоа истурете од пивото. На крајот оставете пивото да се впие во ткаенината.
Понекогаш ви се чини дека е невозможно да ги исчистите дамките направени од кафе на облеката. И во тој случај пивото може да помогне.

Едноставно посипете малку пиво врз дамката и истријте, за кратко време таа ќе исчезне.
Посилна концентрација на алкохол е добра за отстранување тврдокорни дамки од теписи или килими, додека за облека се препорачува пивото, бидејќи е помалку агресивно.