Колкав е рокот на сунѓерот за миење садови?

Колку трае сунѓерот за миење садови зависи од тоа од што е изработен, за што точно се користи и како се грижите за неговото одржување. Некои сунѓери се направени од природни материјали, како целулоза, а има и такви што се од синтетички материјали. Сунѓерите од целулоза изгледаат како многу подобро решение, но тие задржуваат повеќе нечистотија, затоа што нивните влакна се порозни и побрзо се трошат.

На нивната трајност влијае и тоа дали користите само еден сунѓер за чистење на целата кујна или имате посебни, еден за миење на садовите, друг за да ја избришете работната површина, а трет за да исчистите сè друго во кујната. Секако, најдобро решение се посебни сунѓери.

Кога станува збор за чистење на сунѓерот, повеќето од нас сметаат дека сунѓерот си се мие самиот од себе додека го користиме, затоа што во целиот процес на миење се вклучени водата и детергентот, но тоа не е точно. Парчиња храна може да се вовлечат помеѓу влакната и ако сунѓерот не се исуши добро, тој станува плодна почва за развој на бактерии и мувла.

Сунѓерот што го користите секојдневно е потребно да се менува на секои четири-шест недели. На тој начин ќе бидете сигурни дека навистина ги миете садовите со чист сунѓер наместо со валкан, во кој се впиле бактерии.