Лесен начин за отстранување на нечистотијата меѓу плочките

Просторот помеѓу плочките се валка многу брзо, дури и откако ќе инсталираме сосема нова бања или кујна. Овој мал и тесен простор е едноставно како магнет за привлекување на сите видови нечистотија, па дури и оние што инаку е доста тешко да се отстранат. Можете да ги бришете со крпа, сунѓер или дури и со четка за заби, но секогаш постои голема веројатност дека сепак ќе останат наслаги помеѓу плочките и покрај вашата макотрпна работа.
Ако некогаш сте биле во потрага по полесни начини за чистење на фугите, веројатно сте наишле на информацијата дека со лесно стружење со превиткано парче брусна хартија може да му се стави крај на овој здодевен процес. Но ако не внимавате, брусната хартија може да ја оштети површината на плочките. За борба против овој проблем можете да ја користите потенката страна на обичните стапчиња за јадење, единствен услов е врвот да биде потенок од линијата помеѓу плочките, потоа исечете и залепете парче брусна хартија на врвот од стапчето. Потоа можете лесно да ги истружите сите потемнети и извалкани фуги меѓу плочките, кои најчесто се од гипс, кој, пак, многу лесно се стружи. Ако и понатаму сте загрижени од оштетување на површината на плочките, можете едноставно да ги покриете со самолеплива лента, која ќе ја отстраните по завршувањето на процесот на стружење.