Три чекори до совршено чист душек

Иако преку душекот секогаш има постелнина, тоа не ги спречува мртвите клетки од кожата, потта, прашината или друго да се појават и да се задржат на него. Ви предлагаме три едноставни чекори за чистење на душекот.
Исчистете го душекот со правосмукалка – Со правосмукалка темелно поминете го целиот душек од двете страни. Посебно внимание обрнете на процепите, доколку ги има, бидејќи повеќето честички се собираат таму.

Отстранете ги дамките – Постојат два начина да се отстранат дамките од душекот. Првиот е со помош на спреј од мешавина од водород пероксид, детергент за садови и зовриена вода. Испрскајте од средството на површината каде што се наоѓа дамката, оставете да отстои две минути, а потоа истријте ја со сунѓер. Друг начин да се исчистат дамките од душекот е да направите паста од сок од лимон и сол. Ставете ја пастата на дамката и оставете да отстои еден час. Сокот од лимон треба да го омекне местото, а солта да се впие.

Посипете сода бикарбона – На крајот, целиот душек посипете го со сода бикарбона. Содата ќе ги впие непријатните мириси и можната маснотија и нечистотија што се наоѓаат на душекот. Оставете ја содата да отстои еден час, а потоа темелно исчистете ја со правосмукалка.