Стаклото се враќа во мода

Стаклениот мебел е присутен во ентериерот со години, но во последниве години добива сè поголемо внимание. Повеќето лица се одлучуваат за стаклени маси, без разлика дали станува збор за трпезариски, клуб-масички или работни маси.
Нивната специјалност лежи во фактот дека стаклото дава впечаток на елеганција, грациозност, транспарентност и леснотија, без оглед на димензиите и големината на самото парче.
Имено, стаклените маси се лесни за одржување, а самиот материјал е отпорен на влага, екстремни температури, нечистотија и сл. А покрај тоа, естетски изгледаат многу убаво.
Исто така имаат можност за визуелно зголемување на просторот и многу се издржливи. Фактот што денес се нудат различни верзии на стакло и негови текстури и бои, исто така, придонесува за неговата атрактивност. Разновидност има и во формите. Тука се нагласува имагинацијата на дизајнерите, некои се правоаголни, овални или комбинирани, а некои отидоа дури чекор подалеку и ги направија масите целосно од стакло. Одлично е што ваквите стаклени парчиња се вклопуваат речиси во секој стил и амбиент, а му даваат на просторот навистина посебен, ефективен изглед.