Дезинфицирајте ги телефонот, лаптопот и ѕвончето

Оваа година научивме повеќе од кога и да е колку е важно миењето раце за одржување на дневната хигиена. Но додека се обидуваме да ги измиеме невидливите непријатели што ги носиме однадвор со сапун, ние често ги игнорираме изворите на бактерии и вируси што се наоѓаат во нашиот дом. Честопати забораваме да го дезинфицираме мобилниот телефон, кој може да содржи повеќе бактерии отколку тоалетот. Најдобро е да се исчисти со средства за дезинфекција што содржат изопропил алкохол. Важно е средствата со кои го дезинфицирате вашиот мобилен телефон да не бидат чист алкохол, бидејќи тоа може да го оштети. Ова е година во која многу канцеларии се заменети со работа од дома. Лаптопот е еден од главните алатки што се користат секојдневно. Исто така клучевите најдобро се чуваат на местото предвидено за нив, далеку од кујната и храната.
Пред да влезат во куќата или станот, многумина ќе заѕвонат на вратата, не само гостите туку и членовите на семејството. Бидејќи ѕвончето се наоѓа надвор од самото домаќинство, тешко е да се контролира неговата чистота, па секогаш кога ќе се сетите на него исчистете го со антибактериско средство за чистење. Обрнете внимание на рачките на вратите. Бактериите и вирусите остануваат таму подолго отколку што мислите, па дефинитивно треба редовно да се чистат.