Ослободете се од вишокот работи

Повеќе не можете да барате изговор дека немате слободно време да ги средите плакарите. Затоа, дозволете си големото пролетно чистење да започне. На овој начин, барем неколку дена, ќе го окупирате умот, ќе бидете физички активни и на крајот ќе бидете задоволни од постигнатите резултати. За почеток, испразнете го целосно. Потоа започнете со сортирање на облеката, алиштата, торбите, ремените, шапките, во зависност од тоа што се наоѓа во вашата гардероба.

Додека го правите ова, размислете што сакате да задржите, што можете да подарите, а што ќе исфрлите.
Она што повремено го носите ставајте го, по можност, во кутии или во пластични ќесиња. Напред складирајте ја облеката што секојдневно ја носите, како и долната облека, која можете да ја поставите во кошници. Закачалките се многу корисни. Сè што можете, особено фустаните, ставете на нив. Работи што заземаат помалку простор, како што се костимите за капење, чорапите, накитот, можете да ги ставите во фиоки. Чантите, ремените и шеширите можете да ги закачите на куки во вашиот плакар или на вратата од спалната соба.