Искористете го секој сантиметар од малата кујна

Во малите станови многу е важно да се искористи секој сантиметар слободен простор. Значи, кога станува збор за организација на кујната, се исплати да размислувате малку стратегиски, затоа ви претставуваме неколку креативни идеи.
Искористете го просторот над кујнските елементи: доколку ви недостига простор за складирање работи, она што не го користите секој ден, како што се кујнски апарати, прирачници за рецепти и слично, чувајте го над кујнските плакари или други елементи.

Создајте дополнителна кујнска површина користејќи штица за сечкање: ова е уште една одлична идеја за создавање дополнителен простор во кујната. Овој пат станува збор за добивање дополнителна работна плоча во кујната.
Закачете ги вашите садови на отворени полици или на некои други елементи: ако немате доволно слободен простор во кујнските плакари, садовите можете да ги поставите и на отворени полици или на некои други отворени елементи во просторотt.
Искористете ги и долните кујнски плакари: на долните елементи може да додадете магнетни ленти за да направите лебдечки елемент за складирање зачини или да додадете куки за да закачите чаши, ракавици, прибор за јадење или чинии.