Најголемите извори на инфекции во домот

Секој од нас има свој начин на чистење, но веројатно ретко или речиси никогаш не ги чистиме овие работи, а тие се најголемите извори на инфекции, за кои не сме ни свесни.
Далечински управувач: Секој ден е во нашите раце и ова е еден од највалканите предмети во нашите домови. Од исклучително значење е да го чистите овој предмет секогаш кога ќе ги чистите и другите делови од куќата.
Прекинувачи за осветлување: Да, исто како и далечинскиот управувач, ние ги користиме секој ден и ретко се сеќаваме да ги исчистиме, и тоа добро. Со честото допирање се пренесуваат голем број микроби и нечистотија.
Канта за отпадоци: Иако редовно ја испразнувате, ретко ја чистите, што е многу важно затоа што знаете што сѐ фрлате во неа.
Четки за коса и чешли: Како што редовно се грижите за вашата коса, исто така е важно да се грижите и за вашите четки и чешли, за тие секогаш да бидат чисти.