Пет бои што треба да се избегнуваат во спалната соба

Според „Ридерс дајџест“, ова се петте бои што во никој случај не се препорачуваат за простории каде што спиете и планирате да се опуштите.
Црна – Покрај тоа што ќе ја затемни просторијата, црната боја ќе создаде илузија дека собата изгледа помала отколку што е всушност. Иако темнината може да ви помогне да заспиете побрзо, тоа последователно ќе ја спречи вашата можност да станете наутро.
Неонски бои – Секогаш треба да избегнувате употреба на неонски бои бидејќи тие носат возбуда и енергија во спалната соба. Следствено, во таква атмосфера ќе ви биде потешко да се опуштите.
Жолта – Жолтата е многу стимулативна боја затоа што светлината секогаш ја поврзуваме со сонцето. Иако веселиот тон може да биде одличен за започнување на денот, оние што ќе се одлучат за соба со оваа боја, најверојатно потешко ќе заспијат навечер.
Црвена – Како жолтата, црвената е впечатлива боја што може да предизвика чувство на немир или вознемиреност. Овие две бои често се користат во маркетингот затоа што ги стимулираат сетилата, што не е нешто што го сакате кога се обидувате да заспиете.
Темнокафеава – Темните бои овозможуваат чувство на тежина и темнина. Ова може да ја намали мотивацијата да се разбудите наутро.