Вазната со свежо цвеќе најдобар украс

Еден од убедливо најестетските детали во просторот е вазната со свежо цвеќе.
Сѐ почесто на рафтовите во продавниците забележуваме вазни во форма на скулптура, кои се вистинско ремек-дело. Мошне се необични и изгледаат ефективно во ентериерот, дури и ако не се потхранети со цвеќе. Особено популарни во последно време се оние што го слават женското тело, а сѐ почесто вљубениците на ентериерот одбираат вазни со необичен облик, кој со својот дизајн се истакнуваат. Многу од овие вазни многу често не се закитени со цвеќе, туку се како самостоен украс во домот и ги красат ентериерот и домот подобро од кое било уметничко дело.
Ваквите вазни често ги красат бујни принтови, живи бои и текстури, но тоа не значи дека за домот треба да одберете исклучиво колоритни вазни.
Неутралните вазни со земјените тонови исто така се доста популарни, а доста висока цена моментално држат вазните и старите ќупови со дотраен изглед, кои можат и рачно да се дотераат со малку боја за керамика и сода бикарбона.
Исто така доста се во тренд и бокалите што ја презедоа функцијата на вазна и особено убаво изгледаат како украс на трпезариската маса. Но каков стил и да се одбере, битно е овој елемент да го облагороди животниот простор, да биде оригинален, автентичен и убав за око.