Со кафе можете да се ослободите од комарците

Љубителите на кафе може да имаат помал ризик од развој на рак, срцеви заболувања и Алцхајмерова болест. Меѓутоа, покрај добриот вкус, кафето може да биде многу корисно и во вашето домаќинство.
Кафето содржи дитерпени, кои може да бидат токсични за инсектите. Кафето може да ги одврати комарците, мушичките и другите штетници од вашиот дом. Оставете неколку зрна кафе близу каде што се собираат инсектите, по некое време веќе нема да ги забележувате околу вас.

Ако сакате набраните цвеќиња во вазна да траат малку подолго од вообичаеното, ставете кафе во водата. На некои растенија ова функционира многу добро, веројатно поради магнезиумот и калиумот што се наоѓаат во приготвеното кафе. Кафето може да го освежи мирисот на вашиот тепих исто како и сода бикарбоната. Посипете го тепихот со кафе, оставете го прекуноќ и исчистете го добро наредното утро. Чистењето на каминот може да биде неуредно, бидејќи пепелта може да создаде облак од чад. Но кафето може да го спречи тоа. Врз пепелта посипете кафе, а потоа извадете ја со шпатула.