Најчести грешки при купување и закачување завеси

Доколку сакате просторот да ви изгледа беспрекорно, потребно е да обратите внимание како ги ставате завесите, бидејќи не е сеедно кој тип ќе го одберете, колку ќе бидат долги или широки или, пак, оддалечени од таванот. Ова се најчестите грешки при купување и закачување завеси.
Погрешни мерки: Некои луѓе земаат мера од таванот или горниот раб на прозорецот. На крајот купуваат предолги или премногу кратки завеси.
Премногу ниско поставена завеса: Доколку сакате да постигнете ефект дека просторијата е повисока, закачете ги завесите на корниз прицврстен за таванот или на неговиот раб.

Премногу кратки завеси: Доколку завесата ја поставите на краевите, кои одат до подот, како кај балконската врата, тогаш купете и такви завеси. Инаку, ако
завесите се пократки општиот впечаток нема да биде добар.
Недоволно широки завеси: многумина забораваат дека завесата треба да биде набрана за да изгледа убаво, па купуваат завеси широки речиси колку прозорецот. Завесата треба да биде барем двојно поширока од прозорецот или од вратата што ја покрива.
Избегнување на пеглањето: Стутканите завеси не изгледаат убаво, па затоа потрудете се да ги испеглате.