Како правилно да ја исчистите скарата

Пролетта е идеално време за правење скара. Но по уживањето она што останува е валкана решетка, која е многу тешко да се исчисти. Дознајте како на најлесен начин можете да ја исчистите валканата скара.
Првиот чекор е да ги согорите преостаната храна и маснотиите. Запалете оган, затворете го капакот на скарата и оставете го да се распали околу 15 минути. Ова ќе ви го олесни отстранувањето на преостанатата храна.

Остатоците од јаглен исчистете ги со четка од не’рѓосувачки челик, а доколку немате таква, можете да направите и топка од алуминиумска фолија и да ги исчистите остатоците со неа.
Во сад измешајте една лажичка оцет и две лажички сода бикарбона, а потоа нанесете ја смесата на решетката. Можете исто така да помешате вода со алкохолен оцет во еднакви размери, ставете ја решетката во вреќа за ѓубре и истурете го растворот.

Затворете ја вреќата и оставете ја преку ноќ за да се разлеат маснотиите. Измијте со вода следниот ден.
Последната фаза е полирање на надворешноста на скарата. Можете да користите само средство за обезмастување и мек сунѓер.