Вашата канцеларија можете да ја претворите во пријатна оаза што ќе ве поттикне повеќе да работите, а најдобриот начин да го направите тоа е да си набавите некое собно растение. А доколку сакате да не си создадете дополнителна грижа, важно е да изберете видови што не бараат многу одржување. Хлорофит – природно расте во тропските делови на Африка, а кај нас е популарно собно растение. Треба да се наводенува околу двапати неделно, во зима еднаш или поретко.

Маранта – на зајдисонце ги затвора лисјата и тие потсетуваат на раце што се молат. Ова растение бара топли и влажни простории и индиректна светлина.
Маримо – малку поинаков избор за канцеларија се зелените „бушави“ топчиња маримо-алги. Станува збор за слатководни алги, со потекло од Јапонија. Тие бараат минимално количество светлина и издржуваат на ниски температури.

Спатифилум – ова растение НАСА го прогласи за еден од најдобрите прочистувачи на воздух во светот. Му пречи директна светлина и е едно од ретките растенија што цветаат под услови на слаба осветленост. Кактуси и сукуленти – се растенија што чуваат резерви на вода во своите здебелени лисја, стебла или корења. Не им е потребна директна светлина и не бараат многу полевање со вода, приближно на секои 14 дена. Замија – расте и до еден метар во висина, а листовите му се сјајни и распоредени во вид на перја. Важно е да не е изложен на директна сончева светлина и температури под 15 Целзиусови степени. Доволно е да се наводенува еднаш во месецот, а зимно време и поретко.