Купувањето нов мебел за многумина е скапо, но и луксуз. Поради тоа се бараат нови и поевтини варијанти за да се избегнат трошоците. Со малку напор и креативност од евтините палети може да се направи одличен мебел, без разлика дали е за поголеми или за помали простории. Тие се совршен детаљ за секоја просторија, затоа што користените палети изгледаат старо и рустично. Со редење на палетите може да се направи едноставно место за седење, на над нив можете да залепите големи перници и на тој начин да добиете нов тросед.

Собирањето палети со иста големина, кои можат да се преклопуваат, се одличен избор за кој било балкон или градина. Сè што треба да направите е да додадете неколку перници и добивате целосна удобност. Лежалките, исто така, може да бидат скапи.

Преобразувајќи ги палетите и со малку имагинација, на вашиот балкон можат да заблескаат нови и удобни лежалки. Она што сите деца го сакаат е да имаат лулашка само за себе, а вие можете да им го овозможите тоа со стара палета и неколку цврсти јажиња. Сè што треба да направите е да ги врзете јажињата на палетата и да го пронајдете вистинското место за да висат. Може да биде некое дрво или простор на балконот.