Ако не сте во можност целосно да го реновирате домот, овие мали трикови ќе ви помогнат да направите промена. Замената на само две столчиња во трпезаријата и поставувањето тепих во различна боја ќе направи целата соба да изгледа поинаква. Различните столчиња се голем хит и даваат модерно еклектично чувство.

И неочекуваните украси на ѕидовите се многу популарни. Играјте си со различни текстури и бои и вашиот ѕид нека биде во преден план. Наместо да го истакнувате едниот ѕид во внатрешноста со некоја боја, поставете тапети со графички облици и полица со интересна форма. Со симпатични детали оваа комбинација е совршен спој.

Бањата е секогаш најголем залак кога станува збор за реновирање. Ако не сте подготвени за таков потфат, можете само да ги замените чешмите или рачките на шкафчињата и разликата ќе биде веднаш очигледна. Со комбинирање различни видови ткаенини можете да ги нагласите поединечните зони во вашиот дом. Ова нема да ве чини многу, а претставува детаљ што сигурно ќе се забележи. Обојте ја вратата во темна боја, особено ако вашиот ентериер е со неутрални тонови, ќе постигнете контраст што ќе резултира со софистициран изглед. Малите висечки градини се исто така прекрасен декор, особено убаво би се вклопиле во празниот и неискористен агол на вашиот дом.