Ходникот е просторија што на некој начин нè запознава со секој простор за живеење, а бидејќи се наоѓа на влезот на нашиот дом, многу е важно да вложиме напор во целосна негова декорација. Затоа денес ви откриваме интересни трикови што ќе ви помогнат да ја декорирате и украсите оваа мала но важна просторија на совршен начин.

Нагласете ја функционалноста – идејата е да создадеме простор што ќе зборува за нашиот креативен сензибилитет, а истовремено ќе биде функционален и визуелно привлечен.
Украсете ги sидовите со слики – не мора ни да нагласиме дека уметничките слики се омилена декорација во нашиот дом, па зошто да не ги ставаме на ѕид и во ходникот. Галеријата е еден начин да го подобрите просторот на најубав начин и да кажете нешто повеќе за вашиот стил преку тематските уметнички дела.

Одлучете се за впечатливи тапети – не заборавајте на тапетите со интересни мотиви како импресивен украсен елемент во просторот. Само за неколку моменти, впечатливата заднина може да го претвори вашиот ходник во гламурозен ентериер.
Пространо огледало за впечаток – огледалото не само што ќе биде прекрасна декорација во ходникот туку може да послужи да го направиме нашиот мал простор да изгледа многу поголемо.