Јужнокорејскиот бој-бенд „БТС“ синоќа освои четири „Ем-ти-ви Јуроп“ награди  во неделата, вклучително и најдобра песна за „Dynamite“ и најдобра група, завршувајќи ја годината во која корејската поп-сензацијата го истакна својот статус во глобални рамки.

Нивната прва песна на англиски јазик, „Dynamite“ , во Америка забележа приближно 34 милиони стриминзи и 300.000 продажби во првата недела, со што БТС стана првиот јужнокорејски бенд што дебитираше на првото место на листата на американски синглови „Билборд хот 100“.

Седумчлениот бенд ги освои и наградите на Ем-ти-ви за најдобар виртуелен настап во живо и најголем број обожаватели иако пандемијата на коронавирусот направи да нема публика и да нема нема традиционална церемонија за одбележување на нивното достигнување.