Мигел Де Унамуно е еден од највлијателните филозофи на 20 век и еден од ретките кој отворено признава дека во логичниот слој на сопствената филозофија има еден таен, подземен тек на личноста. Неговото најпозната дело е „Трагичното чувство на животот“, но во историјата останува запаметен по легендарниот говор одржан на 12 декември 1936 год во амфитеатарот на Универзитетот во Саламанка.

Мигел Де Унамуно

На свеченоста присуствувале голем број истакнати гости,  бискупот, гувернерот, госпоѓата Франко (жената на Франциско Франко), генералот Милан Астрај и ректорот на универзитетот – Унамуно. По церемонијата, генералот Астрај во својот политички говор ги нападнал Каталонија и баскиските провинции, кои за него биле – рак рана на телото на нацијата. – Во амфитеатарот некој од восхитената толпа ја извикал прочуената генералова девиза – Да живее смртта! –

Неколку фалангисти во сини кошули веднаш салутирале пред Франковиот портрет, а тогаш стариот професор станал и ги изрекол следните зборови – Вие сите очекувате што сега јас ќе речам. Ме познавате и знаете дека не можам да молчам. Зашто молчењето може да биде протолкувано како согласување. Би сакал да придодам нешто на говорот – ако со тоа име може да се нарече ова – на генералот Астрај. Да не зборуваме за личната навреда што ми ја нанесе неговата силна атака врз Баските и Каталонците. Јас сум Баскиец роден во Билбао. Бискупот – покажувајќи со прстот кон престрашениот црковен великодостојник – било тоа за него мило или не, е Каталонец од Барцелона. –

Таков говор, на јавно место, дотогаш не бил одржан во фашистичка Шпанија. Но, Унамуно продолжил – Слушнав еден морбиден восклик, без каква и да е смисла – Да живее смртта! И јас што сиот свој живот го минав во создавање на парадокси што предизвикуваа гнев кај оние што не ги разбираа, јас во својство на стручњак за тие нешта мора да кажам дека овој варварски парадокс мене ми е одвратен. Генералот Милан Астрај е сакат. Да го кажеме тоа без некоја нечовечка задна мисла. Тој е воен инвалид. Сервантес исто така беше воен инвалид . За жал, денес во Шпанија има и премногу сакати. И ќе ги има наскоро уште повеќе ако бог не ни помогне. Патеам од помислата дека генералот Милан Астрај би можел да постави основи за една психологија на масите. Еден сакат кој ја нема духовната величина на Сервантес обично за себеси бара олеснување во сакатењата на коишто ги подложува другите околу себе. –

Генералот Астрај неможел повеќе слуша и гласно извикал – Долу интелигенцијата! Да живее смртта!

Се создал силен џагор во знак на поддршка од страна на фалангистите, но Унамуно успева да го продолжи говорот – Овој Универзитет е храм на интелигенцијата. А јас сум неговиот главен свештеник. Вие ги осквернувате неговите свети sидини. Вие ќе победите зашто имате повеќе брутална сила. Но, никого нема да убедите. За тоа би требало да го имате она што ви недостасува, разумот и правото на вашата страна. –

По говорот, Унамуно бил одведен во домашен притвор и по две недели починал.