Доли Партон тајно снимила нова песна и ја ставила во временска капсула, која нема да биде отворена до 2045 година. Снимката е ставена во дрвена кутија што се чува во одморалиштето „Доливуд дрим мор“ во сопственост на Доли Партон, кое се наоѓа во американската сојузна држава Тенеси, објавува „Индипендент“.

Во нејзината книга што излезе неодамна, Партон открива дека персоналот на одморалиштето добил специјални инструкции да не ја отвора кутијата во наредните 25 години.

„Тоа е песна што за првпат ќе се слушне на 30-годишнината од отворањето на одморалиштето – вели кантри ѕвездата.

Идејата за временска капсула ја добила од нејзиниот маркетинг оддел.

– Ми рекоа, ти ќе бидеш почината кога ќе се отвори, а јас им реков, можеби нема, ќе имам 99 години. Сум видела и постари луѓе. Ако бидам жива, ќе дојдам на промоцијата. Некако е необично или чудно што побараа да ја напишам оваа мистериозна песна. Не знам дали сакам да живеам до 100 години или не. Но, никогаш не се знае. Ако можеби бидам жива, ќе бидам присутна на отварањето на временската капсула – изјавила Партон.