Со донација од милион долари кантри-пејачата Доли Партон (74) го поддржала најновиот успех на „Модерна“, како и други истражувачки напори во борбата против ковид-19, пренесува „Гардијан“. Партон во април донирала милион долари за истражување, откако нејзиниот пријател доктор Наџи Абумрад од Институтот за инфекции, имунологија и воспаленија на универзитетот „Вандербилт“ во американската сојузна Тенеси и рекол дека имаат „некои големи достигнувања“ во потрагата по лек за вирусот. Абумрад и Партон станале пријатели во 2014 година откако пејачката имала сообраќајна несреќа и се лекувала во „Вандербилт“.