Документарните филмови обично ја прикажуваат реалноста, а некои од нив совршено укажуваат на тоа што се случува околу нас. Ова се 10 такви филмови што одлично ја опишуваат 2020 година, иако сите не се снимени периодов, но „Филти Рич“ на Нетфликс е од годинашнава продукција. Станува збор за серија на Лиз Брајант, која говори за скандалот што го предизвикала неконтролираната моќ.

Филмот „Јас не сум твојот Црнец“ е снимен во 2016 година, режисер е Пол Пек. Овој филм ги освои наградата „бафта“ и номинацијата за „оскар“. На документарецот популарноста му расте поради антирасистичките протести, додека приказната е за Џејмс Болдвин и неговите политички идеи и убедувања.

„Во етерот“ е приказна што силно ги поврзува движењето за вреднувањето на животот на црнецот Блек Ливс Метер и движењето „И јас“, односно проблемот на дискриминација и малтретирањето на лицата со темен тен во сегашно време. Филмот на Кирби Дик и Ејми Зиринг искрено зборува за тешкотиите со кои се соочиле црните жени во процесот на обелоденување на својата приказна.

„Последниот танц“ е спортски документарец на Нетфликс што е објавен годинава. Во прашање е приказна за легендарниот Џордан, во десет епизоди и за неговата финална сезона со Чикаго булс.

„Вселенскиот брод Земја“ е уште еден филм што се појави годинава и совршено ги опишува социјалните тензии поради ограниченото движење и карантинот.

„Нашата планета“ е серија на Нетфликс што говори за климатските промени што сите нѐ загрозуваат. Овој филм е наша реалност, но не е мрачен, туку е позитивен двигател на оваа тема.

„Тринаесетти“ е уште еден добитник на „бафта“, кој говори за проблемите на Афроамериканците, но овој пат во центарот на вниманието се затворениците. Поточно тема е расната злоупотреба во американските затвори. Насловот алудира на 13-от амандман на американскиот устав, со кој ропството е укинато, но е „овозможено присилно ропство за осудениците“.

„Морски коњ“ е филм за трансродовите личности и за нивните социјални, емоционални и медицински компликации.

„Кралот тигар“ е мини-серија на Нетфликс, која стана масовна опсесија од првиот ден на изолацијата. Гледачите најмногу реагираа на морничавата приказна за ексцентричниот чувар на зоолошка градина, кој е осуден криминалец.

„За Сама“ е ретко видена женска перспектива на војната во Сирија, најголемата хуманитарна криза на нашето време. Филмот ја следи приказната на една жена во текот на шестгодишниот судир во Алепо, прво како студентка, а подоцна како млада мајка.