Многумина ги интересира животот на познатите. Документарните филмови за музичките и спортските легенди се едукативни и интересни и откриваат помалку познати информации од животот на познатите.

„Фрејминг Бритни Спирс“
Овој нов документарец ја тресе јавноста откако се појави. Во последниве години многу се зборуваше за неправдата нанесена на Бритни, која беше присилно турната во светот на шоу-бизнисот на многу рана возраст и која требаше да биде совршена „американска дива“. По нејзиното јавно пропаѓање во 2007 година, стана јасно дека нешто не е во ред, а целата драма не заврши тука. Денес, фокусот на филмот е ставен на таа кобна 2007 година.

„Били Ејлиш: светот е малку замаглен“
Младата музичарка Били Ејлиш може дури да се нарече и новата Бритни, бидејќи сите знаеме дека нејзиниот живот не беше ни приближно толку совршен како што изгледаше. Били отсекогаш била многу отворена за своето ментално здравје и за тоа како се чувствува, а во овој документарец ни открива како изгледал нејзиниот бурен живот во времето кога нејзината популарност растеше вртоглаво брзо.

„Тајгер“
Славниот голфер и светски шампион Тајгер Вудс имаше бурна историја. Тој успеа да се издигне до ѕвездите, а потоа да падне поради скандали поврзани со неверство и возење под дејство на алкохол, но и да се врати потоа во одличен стил. Овој документарец ќе ни ги покаже светлите, но и мрачните страни на популарноста, кои може да бидат опојни, но и залажувачки.

„Ејми“
Документарниот филм за Ејми Вајнхаус, познатата музичарка што почина млада од предозирање, секако е еден од најболните и најемотивни документарци што ќе ги гледате. Последниот концерт Ејми го одржала во Белград – и сите обожаватели што беа на него насетиле дека нешто лошо се случува и дека е можен тажен крај. Овој филм ќе ви покаже со кои демони се борела Ејми во нејзиниот живот, а кои, за жал, на крајот победиле.

„Гага: фајв фут ту“
Друга музичарка чиј живот е бурен, но чиј талент и уникатност преживуваат е Лејди Гага. Во овој документарец се зборува за нејзиниот живот пред и по нејзиниот успех во музиката. Гага долго криеше шокантни детали од својот живот, кои подоцна имаа влијание врз нејзиното физичко и ментално здравје. А потоа, по многу работа на себе, реши отворено да зборува за нив.

„Враќање дома: филм на Бијонсе“
И, секако, на списокот документарци за познати личности мора да се најде оној за познатата мегаѕвезда Бијонсе, која успева да биде неверојатно успешна жена, но и сопруга и мајка на три деца. Иако изгледа стабилно во секое време, во овој филм ќе откриете што се крие зад фасадата на една моќна жена во шоу-бизнисот.