Поп-пејачката Бритни Спирссе осврна на неодамнешните документарни филмови за нејзиниот живот и кариера, нарекувајќи ги лицемерни затоа што ги повторуваат нејзините лични проблеми додека ги критикуваат медиумите кои првпат известувале за нив.

„Еф-икс“ мрежата на Волт Дизни и „Њујорк тајмс“ во февруари го објавија „Framing Britney Spears“. Документарецот го истражува метеорскиот подем на слава на Бритни како тинејџерка, медиумскиот надзор кој следеше потоа, како и нашироко објавуваниот и коментиран нервен слом.

И овој месец британската радиодифузна корпорација „Би-би-си“ го објави новиот документарец „Битката за Бритни“ со оригинален наслов „The Battle for Britney: Fans, Cash and Conservatorship“. Во Велика Британија е веќе прикажан, а во САД и Канада ќе дебитира на 11 мај преку стриминг-услугата „Би-би-си Селект“.

Во објава на Инстаграм, Спирс директно не посочи кој документарец го коментира, но напиша „толку многу документарни филмови за мене оваа година со туѓи погледи на мојот живот“.

„Овие документарни филмови се толку лицемерни … ги критикуваат медиумите и потоа го прават истото“, додаде таа.

Во март, Спирс рече дека плачела две недели откако го гледала „Framing Britney Spears“.