За време на неговата долга кариера во Формула 1, Михаел Шумахер се етаблира како еден од најдобрите возачи во историјата на овој мотоспорт.
Од своето деби во 1991 година, до пензионирањето во 2012 година, Шумахер дури седум пати беше шампион во Формула 1 и успеа да постави многу возачки рекорди, кои сѐ уште не се соборени. И покрај неговите успеси на тркачките патеки, тој се сметаше за многу приватна и сложена личност, за што повеќе ќе се дискутира во новиот документарен филм „Шумахер“ на „Нетфликс“, кој треба да излезе наскоро.
„100 проценти совршено. Не би можел да живеам со себе ако се стремам кон нешто пониско“, се зборовите на познатиот германски возач во Формула 1, на почетокот на трејлерот за документарецот за неговиот живот.
Гледачите на ова достигнување ќе имаат можност да видат досега необјавени снимки од приватната архива на семејството Шумахер, како и интервјуа со познати личности од Формула 1, како Берни Еклстон, Жан Тод, Мика Хакинен, Дејмон Хил и Флавио Бријаторе.
„Шумахер“ го режираа Ханс-Бруно Камертенс, Ванеса Некер и Мајкл Вех. Овој документарен филм премиерно ќе биде прикажан на „Нетфликс“ на 15 септември.